
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека разговорот со „Големата петорка“ бил тежок, дека нема лесни теми, но дека не може да зборува за детали, бидејќи таков е договорот и додаде дека на крајот на краиштата, „единствената цел им е да ја признаеме независноста на Косово“, објави Euronews.rs
-Се разбира, сè околу Косово ни е тешко. Луѓето мислат дека тоа е поради Бањска. Не е. Тоа беше тактички погубно за нас. Нивната единствена цел е конечно да ја признаеме независноста на Косово – рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.
Како што додаде тој, САД и Германија нема да го променат ставот за прашањето за Косово и порачаа дека имаат своја политика и став што е сосема спротивен од нашиот.
-Мораме да ја разбереме таа реалност. САД и Германија нема да го променат својот став. Наше е да се бориме, големите сили „не грешат“… Кога ќе прашате за правни норми, дотолку подобро. за правните норми. За нив Косово е независна држава по нивна одлука. На кого му се грижат меѓународните правни акти – рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Пинк.