Целосна забрана за присуство на Олимписките игри за околу 1.000 лица осомничени за шпионажа

Три дена пред почетокот на Олимписките игри во Париз, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дерманен денеска изјави дека околу 1.000 лица осомничени за вмешаност во разузнавачки активности во корист на „странски сили“ се спречени да присуствуваат на Олимписките игри.

– Во текот на процесот на верификација беше забрането присуство на околу 5.000 луѓе, а на околу 1.000 им беше изречена целосна забрана за присуство, рече Дарманен.

Безбедносно биле проверени олимписките волонтери, работници и други лица вклучени во Олимписките игри, а биле извршени вкупно околу еден милион безбедносни проверки, вклучително и лица кои поднеле барања пред церемонијата на отворањето на Игрите да добијат пристап до најстрого контролираната безбедносна зона во Париз, долж бреговите на Сена.