ЦГК: За две години, државните институции набавиле нови возила за 8,5 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата.

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за набавките на патнички возила на државните институции во 2023 и 2024 година и отворената база на податоци на договорите за јавните набавки на возилата. Истражувањето открива дека само за две години, 2023 и 2024, државните институции набавиле нови патнички возила за 8,5 милиони евра, дел купени, а дел земени на лизинг.

Меѓу нив се и 45-те владини возила, секое по 50 илјади евра, земени на лизинг за сегашните функционери, но и за поранешните премиери и претседатели.

Најскапо набавено возило од 55 илјади евра е на Општина Шуто Оризари, додека Општина Прилеп набавила па го раскинала договорот за возило од 63 илјади евра.

Просечната вредност на сите набавени возила во последните две години е 31.760 евра.

Омилен бренд на функционерите им е Шкода, од која е набавено секое трето возило.

Најмногу возила, 82, набавиле Електрани на Северна Македонија.

На дури 70 % од тендерите за набавка на возилата имало само по една понуда.

Најголема вкупна вредност на склучени договори имаат фирмите Порше лизинг и Аутомотив груп, секоја по околу 2,8 милиони евра за две години.

Целото истражување и базата на податоци се објавени на следниот линк.