Вработените во Царинската управа, како што и најавија, денеска излегоа на предупредувачки протест за да бараат исплата на додадокот во висина од 30 отсто од платите, кој како што велат има следува според Законот за Царинската управа и Колективниот договор.
Мирниот предупредувачки протест тие го одржаа за време на пладневната пазуа од 12 до 12:30 часот, но не ја исклучија можноста од радикализација доколку не им се исполни, како што велат, едното единствено барање.
„Денеска сме тука пред Царинската управа на предупредувачки протест кој е организиран со едно единствено барање, а тоа е правилна примена на членот 67 став 3 од законот за Царинската управа во кој е наведнео дека царинските службеници добиваат 30 проценти од платата како надополнување на редовната плата поради посебните услови на работа, како и поради посебна одговорност која произлегува од работното место. Иако овој став е содржан и во колективниот договор за вработените во Царинската управа, ниту еден вработен никогаш не го добил овој додаток и овој додаток никогаш не е евидентиран во платните листи на вработените“ – изјави претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деаноски.
Тој рече дека иако Царинската управа е орган во рамките на Министерството за финансии, нејзините вработени сè уште не го добиваат овој додадок, кој го имаат нивните колеги од другите органи во склоп на Министерството.
„Иако и Царинската управа е орган во состав на Министерството за финансии и се понадевавме дека за прв пат и конечно ќе се исплати овој додаток на плата одговорот повторно беше негативен. Овие вработени кои денеска се излезени на протест го полнат државниот буџет секоја година повеќе од 51 процент, носат оружја, вршат претреси, изложени се на висок ризик и не бараат ништо повеќе од тоа да се почитува и правилно да се применува Законот и Колективниот договор. Вработените одлучија деска револтот да се изрази на мирен начин, за време на пауза и да не се нарушува работниот процес со цел граѓаните на Репулика Македонија да можат да патуваат, а приватниот сектор и стопанството да имаат слободен увоз и извоз на стока“ – рече Деаноски.