Од Царинската управа денеска соопштија дека евидентирани се изводите од лиценци што ги доставувал автобусот на „Беса транс“ кој утврдено е дека повеќе од 120 пати поминал низ граничните премини на државава. Информациите се дека најверојатно биле приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи.
Ова денеска го изјави директорката на Царинската управа – Славица Кутиров:
„Имаме детална евиденција дека истиот автобус повеќе од 120 пати е евидентиран во нашиот систем вклучувајќи и број од извод од лиценци за кои секојдневно се зборува дека не биле евидентирани. Кај нас се евидентирани и најверојатно се приложувани одредени фалсификувани или невалидни документи. Но, за тоа истрагата е веќе во рамки на Јавното обвинителство и повеќе детали во следниот период тие можат да кажат“ – рече таа.