Царинската управа минатата 2021 година наплатила приходи од 103,47 милијарди денари, или 1,68 милијарди евра по основ на царински давачки, ДДВ, акцизи и други надоместоци при увоз и внатрешен промет.
Според информациите од Царината, има зголемување на наплатата за 24,7 отсто во однос на 2020 година, односно за 12,81 процент во однос на 2019 година.
„Царинската управа и во 2022 година ќе биде фокусирана на имплементација на мерки и активности кои се во насока и придонесуваат за зголемена финансиска дисциплина и наплата на приходите од сите учесници во царинските постапки“ – порачаа од Царинската управа.