Хутите соопштија дека САД извршиле најмалку десет напади врз цели во Јемен

Најмалку 10 американски напади се извршени во Јемен, вклучително и во провинцијата Саада и Ходеида, објавија рано денеска јеменските Хути.

Најмалку 10 американски напади се извршени во Јемен, вклучително и во провинцијата Саада и Ходеида, објавија рано денеска јеменските Хути.

Соединетите Американски Држави започнаа бран напади врз областите на Јемен контролирани од Хутите кои се блиски со Иран, кои минатата недела рекоа дека ги продолжуваат нападите врз бродовите во Црвеното Море за да ги поддржат Палестинците во Газа.

Силите на Хутите открија непријателски воени движења во Црвеното Море како подготовка за извршување на голем воздушен напад врз земјата, изјави денеска воениот портпарол на Хутите, Јахја Сарија.

Сарија, без да обезбеди докази, истакна дека Хутите го нападнале американскиот носач на авиони Хари Труман и други воени бродови со проектили и беспилотни летала, што го спречило американскиот напад.