„Подај рака за лицата со Вилсон“, е мотото на хуманитарната трка преку која заболените и нивните поддржувачи љубители на рекреацијата, сакаат да ја подигнат јавната свест за ретките болести.
Тие бараат поголем слух од надлежните. Терапија добиеваат преку државната програма за ретки болести, но велат дека самиот процес на годишното одобрување на програмата им влева несигурност, кај нив навременото земање терапијата е клучно.
Настанот под мотото „Подај рака“ се одржува седми пат по ред. На штафетната трка во градскиот парк учествуваа и дечиња и возрасни лица заболени од Вилсон, но и од други ретки болести со цел симболично да се покаже дека со навремен третман и дијагностиката, заболените лица може да се живеат нормален живот рамноправен со здравите луѓе.
Над 30 лица во Македонија се борат со Ретката болест Вилсон. Болеста е вродена, најчесто се детектира меѓу 10тата и 20 тата година и предизвикува нарушување во метаболизмот што доведува до таложење на бакар во црниот дроб, мозокот и очите, процес кој се одвива постепено, со години, пред појавата на првите симптоми. Доколку болеста на време не биде откриена лицата може да имаат компликации со несогледиви последици.