Околу 2.000 граѓани денеска учествуваа во хуманитарната трка Зегин Спектратон- Трка на херои во сите бои.
Трката е во организација на компанијата Зегин и Фондацијата др. Верица Механџиска и е од хуманитарен карактер, односно собраните средства од котизациите за учество ќе бидат наменети за здружението „Во мојот свет“ со цел побрзо да се изгради првиот социјален клуб во регионот за адолесценти и млади со аутистичен спектар и атипичен развој.
Петре Завировски, атлетичар на Вардат, прв стигна на целта во трката од 5 километри, редовно учествува на вакви трки, и особено му е драго што е победник на трка од хуманитарен карактер.
Покрај трката од пет километри, беше организирана и трка од десет километри како и детска трка, во која учествуваше и државниот шампион во детска лига.
Победниците на трките од 5 и 10 километри беа наградени со парични награди, за сите останати имаше подароци.