Хуманитарен Божиќен базар „ЕЛА во Погон“

-Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со најголеми срца. Во изминатите години, благодарение на трудот и љубовта на нивните ученици и поддршката од заедницата, беа донирани над 300 постелнини за децата на Детската клиника и болницата во Козле. Оваа година, чекорат уште посилно, уште похрабро, со искрена желба да стоплат уште повеќе детски срца, велат од ЕЛА.

Академијата за странски јазици ЕЛА (English Language Academy ELA) денеска во „Погон бар“ организира хуманитарен Божиќен базар.

-Веќе третa година по ред, хуманоста, детската искреност и желбата да се помогне нè обединуваат околу нешто навистина големо. Хуманитарниот Божиќен базар на академијата за странски јазици не е само традиција, тој е приказна за малите херои со најголеми срца. Во изминатите години, благодарение на трудот и љубовта на нивните ученици и поддршката од заедницата, беа донирани над 300 постелнини за децата на Детската клиника и болницата во Козле. Оваа година, чекорат уште посилно, уште похрабро, со искрена желба да стоплат уште повеќе детски срца, велат од ЕЛА.

Сите собрани средства од овогодинешниот базар ќе бидат донирани на Детска хирургија. За децата кои таму храбро се борат секој ден, секој денар значи поддршка, грижа и порака дека не се сами.

-Учениците од EЛА ги покануваат сите што го читаат ова да бидат дел од нивната приказна. Дојдете, поддржете ги малите херои и помогнете овој настан да биде најголемиот Божиќен базар досега. Да стоплиме детски срца. Да подариме надеж. Да бидеме причина за нечија насмевка, додаваат оттаму.