
Христоски со нови проекти за Крушево: Обиколница, ново полетиште за параглајдери, финансиска поддршка за секое новороденче
➡ На граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата во Крушево, кандидатот за градоначалник Томе Христоски ги презентираше своите планови и достигнувања, нагласувајќи дека Крушево е симбол на заедништво, напредок и визија.
На граѓанската трибина на СДСМ и Коалицијата во Крушево, кандидатот за градоначалник Томе Христоски ги презентираше своите планови и достигнувања, нагласувајќи дека Крушево е симбол на заедништво, напредок и визија.
-Вечерва сме собрани сите заедно со една голема причина да ја потврдиме довербата што ја градевме заедно изминативе години. Да покажеме дека Крушево е симбол на заедништво, напредок и визија. Јас сум горд што сум вашиот градоначалник, горд што сум вашиот кандидат за нов мандат и горд што зад мене стои тим советници од СДСМ партијата која секогаш знаела да води, да создава и да реализира со дела токму тука во Крушево, истакна Христоски.
Во своето обраќање, тој ги посочи клучните проекти реализирани во изминатите години како што е изградба на резервоари и пумпни станици, реконструкција на фекална и атмосферска канализација во околните села, современ мониторинг на водоснабдувањето и обезбедување на чиста вода, реконструкција на патишта до природни легенди како Крушевско Езеро и Мечкин Камен, како и локални и регионални патишта и други.
Христоски нагласи дека успешните проекти се резултат на заедничка работа и посветеност, а дека иднината носи нови амбициозни планови:
-Ова е нашата визија Крушево кое е модерно, европско, напредно, чисто и полно со живот. Ова не е само програма, ова е животна шанса за секој од нас. Разликата е јасна – каде беше Крушево до 2017 и каде е денес. Денес е модерен град, гордост и симбол на Македонија, подвлече Христоски.
Тој ги повика граѓаните од сите етнички заедници на 19 октомври заедно да го дадат својот глас за продолжување на развојот и напредокот на Крушево.
-Јас не ветувам невозможни работи. Јас ја ветувам истата чесност, иста енергија и иста борбеност како и изминативе осум години. Ветувам дека ќе бидам вашиот глас, вашиот сојузник и вашиот искрен и отворен градоначалник, како и досега. Сега е моментот повторно да застанеме заедно. Да го зачуваме она што го изградивме и да продолжиме уште посилно, уште похрабро и уште поодлучно. Најдоброто за Крушево допрва доаѓа, порача Христоски.