
Полицијата во северна Хрватска, во Загорје вчера околу 13.30 часот запрела маж (48) и утврдила дека тој возел автомобил со 3,22 промили алкохол во крвта.
Оттаму додаваат дека мажот бил приведен до престанување на дејството на алкохолот и дека ќе одговара со предлог парична казна од 1.300 евра и забрана за управување со моторно возило „Б“ категорија во времетраење од три месеци.
– Апелираме до сите возачи да не возат возила во сообраќајот по консумирање алкохолни пијалоци бидејќи алкохолот има негативно влијание врз возачките способности, што во голема мера ја зголемува можноста за сообраќајни незгоди и жртви – соопштија од полицијата, кои упатија совети и до возачите кои консумираат алкохол:
– оставете го автомобилот паркиран на пропишан начин и прошетајте – ќе ви користи, а нема да доведете ничиј живот во опасност
– користете јавен превоз
– користете такси услуги, бидејќи ќе биде многу побезбедно и поевтино
– ако сте во група, договорете се однапред кој ќе остане трезен и ќе возат назад
– замолете некој трезен да ве вози
– не седете зад воланот најмалку 24 часа откако ќе испиете поголема количина на алкохолни пијалоци
– Со возење под дејство на алкохол не само што се загрозувате себе си, туку и другите учесници во сообраќајот.