Хрватското МНР препорача нејзините државјани да не патуваат во Србија
„Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“, наведува хрватското МНР.
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи даде препораки за патување во Србија откако Хрватска упати протестна нота поради третманот на хрватските граѓани во таа земја.
„Се препорачува одложување на сите несуштински патувања, зголемена претпазливост, следење на моменталната состојба и добивање подетални информации пред патување поради евидентираните несоодветни и неосновани постапки на властите на Република Србија кон хрватските граѓани“, наведува хрватското МНР.
На хрватските граѓани им се препорачува да избегнуваат места каде се собираат голем број луѓе.
Се додава дека во случај на потреба, хрватските граѓани имаат право да побараат контакт со Амбасадата на Република Хрватска во Република Србија во секое време.
Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ претходно, коментирајќи го притворот на петмина хрватски државјани без никакво објаснување во Белград, изјави дека дополнително треба да се размисли дали моментално е вистинското време за патување во Србија.