Хрватскиот ракометар Денис Тот кој ги бранеше боите на скопскиот клуб Бутел го загуби најважниот натпревар, почина на одделението на КАРИЛ во Скопје.
Според МВР, на 7 април во 4:11 часот тој бил донесен во болница, во бесознание.
Првата верзија за настанот која се рашири низ медиумите беше дека Тот бил нападнат и претепан.
Сепак полицијата излезе спротивно на овие тврдења и соопшти дека немало траги на насилство на неговото тело. Од Клиниката во Скопје информираа дека ракометарот бил донел без срцева акција, и наводно, се работело за срцев удар.
Лекарите не успеаја да го спасат животот на младиот спортист кој оваа сезона играше за Бутел, а претходно, последните две сезони ги бранеше боите на Охрид.
Тот потекнуваше од Ѓаково, играше за шпанскиот Адемар Леон, австрискиот Брик и хрватските Пореч и Бјеловар.