Крвниот тест на поранешниот хрватски министер за одбрана, Марио Баножиќ покажал дека тој во моментот на несреќата имал 0,0 промили алкохол во крвта.
Оваа вест ја објави ДОРХ, а наодот, како што велат, е направен во болницата во Винковци.
„На увид во издадените наредби и документација со точни датуми и часови на земање на бараните мостри во Општа жупанска болница во Винковци, осомничениот 44-годишен возач на приватно возило, во моментот на сообраќајната незгода, не е утврдено присуство на алкохол или присуство на дрога, психоактивни супстанци и лекови кои влијаат на психофизичките способности на осомничениот“, соопшти ДОРХ, пренесува 24сата.
Да потсетиме, Баножиќ беше повреден во сообраќајната несреќа во саботата наутро, кога загина 40-годишен возач на комбе.
Притоа се здобил со повеќе повреди на телото, мозокот, градниот кош, стомакот и екстремитетите.
КБЦ во саботата објави дека доминантна била невротраума.
Веднаш по несреќата, премиерот Андреј Пленковиќ одлучи да го смени Баножиќ од функцијата министер за одбрана.