Хрватскиот министер за надворешни работи во Скопје

Гордан Грлиќ Радман – министерот за надворешни и европски работи на Хрватска на покана на неговиот колега Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Од МНР соопштија дека двајцата министри ќе имаат тет-а-тет средба по што ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на Министерството за надворешни работи на земјава и Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.

Предвидено е потпишување на Меморандум за разбирање меѓу двете министерства во областа на дипломатска обука, по што Османи и Грлиќ Радман ќе одржат заедничка прес-конференција.

Министерот Грлиќ Радман утре ќе учествува на вториот Преспа Форум за дијалог што ќе се одржи од 16-18 јуни во Охрид.