Хрватската Влада нуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата. Според информациите, за еден месец се пријавило само едно лице.
На луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање – коментираат експертите.
„Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба да се прашаат младите зошто заминаа? Пред се во прашање е егзистенција, работа и уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања“ велат познавачите на приликите.
Важно е да се регулира деловната клима за инвестирање, да се подобрат работните услови на пазарот на труд, да се обезбедат подобри работни места и повисоки плати, а тука се и домувањето и усогласување на семејниот и деловниот живот.