Хрватска нема да обучува украински војници на нејзина територија.
Вака одлучија пратениците во парламентот откако неопходното двотретинско мнозинство од 101 член не гласаше за таа одлука.
Владејачката партија не успеа да го собере потребното двотретинско мнозинство, односно 101 глас, за да ја донесе Одлуката за учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во мисијата на ЕУ за воена помош за поддршка на Украина-ЕУМАМ. За прифаќање на мисијата гласале 97 пратеници, а против 10.
Учеството на Хрватска во мисијата ЕУМАМ ќе вклучеше пристигнување на околу стотина украински војници на обука во Хрватска со ротација во текот на две години.
На одлуката за обука на украински војници во Хрватска остро се спротивстави и претседателот на државата Зоран Милановиќ.