Хрватската опозиција остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
Опозициските пратеници во хрватскиот Сабор денеска остро го критикуваа премиерот Андреј Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“ и го сметаат за „шеф на широката корупциска мрежа на ХДЗ“.
Опозициските пратеници во хрватскиот Сабор денеска остро го критикуваа премиерот Андреј Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“ и го сметаат за „шеф на широката корупциска мрежа на ХДЗ“.
Апсењето на министерот за здравство Вили Берош и корупциската афера „Берош – Петрач“ денеска се главни теми во салата и ходниците на Саборот.
Овонеделната седница на Саборот беше отворена со изнесување на ставовите на клубовите на пратеници кои пратениците од опозицијата го искористија за да го критикуваат шефот на Владата и на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, кого го сметаат и за „шеф на широката корупциска мрежа на ХДЗ“, пренесува загрепски „Јутарњи лист“