
Хрватската влада најавува голем пакет мерки за справување со енергетската криза
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека преку нови енергетски мерки, кои се најавени за почетокот на следната недела, Владата ќе интервенира за зголемувањето на цените на енергијата да биде помало и одржливо за граѓаните и економијата.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави денеска дека преку нови енергетски мерки, кои се најавени за почетокот на следната недела, Владата ќе интервенира за зголемувањето на цените на енергијата да биде помало и одржливо за граѓаните и економијата.
Пакетот мерки интензивно се работи, а Владата ќе ги користи алатките што ѝ се на располагање за да го ублажи зголемувањето на цените на енергијата. „Владата ќе интервенира за да го направи овој раст помал и поднослив за нашите граѓани и економијата. Тоа е нашата фундаментална задача“, рече Пленковиќ денеска во Загреб.
„Ќе понудиме сè што е поврзано со цените на електричната енергија. Гасот е регулиран до октомври. Ќе донесуваме одлуки за ранливите купувачи на енергија, ќе разгледаме низа мерки за земјоделците. За нив, растот на синиот дизел е особено чувствителен. Тоа ќе биде еден пакет на кој интензивно се работи“, рече премиерот.
Тој најави дека пакетот ќе им биде презентиран на коалицијата и социјалните партнери пред да биде усвоен на седницата на Владата.
Целта, нагласи тој, е оние на кои им е потребен да имаат гориво и цената да не биде превисока.
„На почетокот сме на најголемата енергетска криза што ја памети оваа генерација, па во тој контекст треба да го земеме предвид фактот дека Владата, како што правеше досега, ќе мора да интервенира, не само врз цената на нафтените деривати, туку ќе ги следи и цените на гасот на пазарот и, следствено, цените на електричната енергија“, рече Пленковиќ.
„Оваа криза ќе биде посериозна отколку во времето на руската агресија врз Украина, бидејќи е од пошироки, глобални размери. Ќе мора да научиме да живееме со неа и да се адаптираме. Владата ќе направи сè што може за да ги ублажи сите овие притисоци“, рече тој.
Барел нафта пред почетокот на војната беше 70-71 долар, но пред еден или два дена, поради војната на Блискиот Исток, скокна на 116-117 долари. Ова е огромен раст што ќе се одрази на двонеделно ниво на цените на супер, евродизел, синиот дизел и течниот нафтен гас за резервоари и боци, рече Пленковиќ.
„Евродизелот порасна за 20 проценти, супердизелот за 15 проценти, синиот дизел за 40 проценти. Ова веќе не е занемарлив раст, но сепак ќе го направиме тоа на таков начин што цената што луѓето ќе ја плаќаат на пумпите ќе биде пониска отколку што беше на врвот на енергетската криза пред четири години“, рече тој, потсетувајќи како Владата интервенираше со мерки дури и тогаш.