Хрватот Јошко Гвардиол станува најскап фудбалски дефанзивец на сите времиња
Манчестер Сити е многу блиску до потврда на трансферот на Јошко Гвардиол и тоа за 100 милиони евра со што хрватскиот фудбалер ќе стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Гвардиол најголемото внимание на себе го привлече во текот на Светското првенство во Катар со одличните настапи во дресот на репрезентацијата на Хрватска.
Дека трансферот e многу блиску до реализација потврдил спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл.
„Можам да потврдам дека Јошко Гвардиол и неговите агенти не известија за нивната желба за преселба во Манчестер Сити“, изјавил Еберл.
Во својата досегашна кариера Гвардиол покрај Лајпциг го носеше дресот само уште на Динамо Загреб каде што за првпат беше забележан од фудбалските скаути.