
Натпреварот започна со иницијатива на Мароканците, кои храбро се соочија со вицешампионите на светот.
Тие направија еден обид кога ударот на Зијеш беше изблокиран од Соса, а со удар од далечина прв им се закани на Мароканците Иван Перишиќ.
Ниту „лавовите од Атлас“ ниту „огнените“ не создаваа шанси до крајот на полувремето кога имаше возбудувања пред голот на Буну.
Добра шанса имаше Никола Влашиќ на асистенцијата на Борна Соса, шутираше од непосредна близина откако стигна до неговиот центаршут, но интервенираше голманот Буну.
Во судиското надополнување се обиде и Лука Модриќ, чиј удар од околу 18 метри ја прелета гредата.
Во вториот дел Мароко најпрвин се закани преку Мазрауи. Неговиот удар со глава од непосредна близина го одбрани голманот Ливаковиќ, а набрзо овој дефанзивец мораше да ја напушти играта поради повреда. Во 65. минута Мароко имаше слободен удар кој лесно можеше да резултира со гол.
Ашраф Хакими лансираше бомба околу 25 минути, која Ливаковиќ ја спречи со бокс. Ударот отиде во средината на голот, а се чини дека тоа беше најдобрата шанса на натпреварот за двете екипи.
До крајот на мечот Хрватите не успеаја да создадат нова шанса, а на Мароканците им недостасуваше свежина и натпреварот заврши без голови.