Сумаја Вушах (11) е една од најмладите новинари во Газа кои известуваат за животот на Палестинците за време на израелските напади во Појасот Газа.
Девојчето во интервју за Ал Џезира изјави дека не се плаши да известува од завојуваната Газа, каде од 7 октомври во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари.
„Мајка ми и татко ми беа загрижени кога почнав да известувам бидејќи знаеја дека новинарите се мета. Но, видоа дека сакам да го правам тоа и дека сум одлучна, па ми дозволија“, изјави 11-годишното девојче за Ал Џезира.
Сумаја вели дека била инспирирана да ги раскаже приказните за Палестинците во Газа од репортерката на Ал Џезира, Ширин Абу Аклех, новинарка која била убиена од израелски снајперисти во Џенин.
„Уште пред војната сонував да станам новинарка и сакав да се докажам пред светот. Мојот пример е Ширин Абу Аклех. Господ да ја помилува. Сакав да работам како таа”, рекла девојката.
Малото девојче вели дека кога ќе излезе од дома, им кажува на мајка си и татко си дека „се моли на Бога“. „Не знам дали ќе бидам мета додека сум на терен, додека се враќам или додека снимам“, вели 11-годишното девојче.
Meet Gaza’s 11-year-old war reporter Sumayya Wushah, who says she was inspired by Shireen Abu Akleh to tell Palestine’s stories. pic.twitter.com/a7vB99nkqa
— Al Jazeera English (@AJEnglish) February 27, 2024