Хоџа: Од судирот Груевски – Мицкоски ќе се роди европско ВМРО и група нивни пратеници ќе гласаат за промена на Уставот

Претседателот на новата албанска партија Европска демократска партија – Аријанит Хоџа во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 рече дека судирите меѓу Мицкоски и Груевски се нешто позитивно.

Затоа што, според него, може да се роди ново ВМРО, каде што група пратеници од оваа политичка сила, пред истекот на мандатот, може да гласаат за уставните измени“.

ТВ 21 ја цитира изјавата на Хоџа:

„На судирот меѓу Мицкоски и Груевски го гледам како на едно ново европско ВМРО, кое можеби нема да биде задоволно од овие две партии пред истекот на мандатот и група пратеници може да кажат ‘не можеме да ја држиме во заложништво државата и иднината на младите луѓе, поради судирот меѓу нив’. Од политичкото искуство гледам дека ова можат да бидат последиците од судирот меѓу Груевски и Мицкоски.“