Хорор во Хрватска: Автобус полн со деца излетал од патот

Автобус полн со деца излетал од патот кај Чазма во Хрватска, но за среќа нема сериозни повреди.

Околу 20 деца се наоѓале во автобусот кој денеска излетал од патот. Децата се здобиле со полесни телесни повреди, а на две се уште им се врши преглед.

Како што јавија локалните хрватски медиуми, во автобусот имало 20 деца, а нема сериозно повредени, пишува Вечерњи.хр.