Хорор во српската општина Беочин: Мајка и ќерка пронајдени мртви, полицијата уапси маж

Четириесет и осумгодишен маж е уапсен синоќа во селото Раковац во српската општина Беочин под сомнение дека ги убил поранешната сопруга и нејзината мајка.

Полицијата и обвинителот излегоа на терен. Мажот Б.Р.(48) ја убил поранешната сопруга Д.Р.(47) и нејзината мајка Н.Ч.(75).

Како што дознава Н1, полицијата го затекнала осомничениот на местото на убиствата.

Се претпоставува дека злочинот најверојатно го извршил со нож.

„Тие се разведоа затоа што бил насилен кон неа. Го пријавила за семејно насилство. Дури бил во притвор. И повторно го направил ова. Жал ми е и за мајката и за ќерката…”, рекол еден од соседите.