Телото на 12-годишно девојче е пронајдено во куфер во Париз во петокот вечерта. Вчера не се вратила од училиште, па загрижените родители подоцна истиот ден пријавиле дека е исчезната во локалната полициска станица во североисточниот дел на Париз, пренесува Sky News.
Детективите набрзина покренале истрага и пронашле индиции кои укажуваат дека девојчето било киднапирано во подрумот на семејната куќа.
🟠 INFO @CLPRESSFR
Le corps d'une adolescente née en 2010 a été découvert cette nuit dans le 19e arrondissement de Paris.
Il était dans une valise.
Elle avait disparu hier après midi alors qu'elle rentrait du collège.
La brigade criminelle est saisie de l'affaire. pic.twitter.com/gbULYp3jtT
— Clément Lanot (@ClementLanot) October 15, 2022
Надзорните камери снимиле жена која носи куфер пред куќата, а истиот куфер подоцна бил пронајден неколку улици подалеку со телото на девојчето во него. Лицето и било покриено со селотејп и имала неколку исеченици на грлото.
Четири лица моментално се во притвор, но засега не се знае зошто се уапсени. Меѓу нив е и човекот кој повикал полиција откако го пронашол куферот. Истрагата е во тек.