
Хорор во Бугарија: Маж ги убил мајката, сестрата и тетката, па ја запалил куќата
Седумгодишниот брат на осомничениот успеал да избега и покрај тоа што бил ранет. Тој веднаш ја алармирал полицијата, која пристигнала на местото и го изгаснала пожарот. Во куќата биле пронајдени три јагленисани тела. Детето е пренесено во болница, каде му е укажана медицинска помош.
Во селото Љулјаково, општина Руан, југоисточна Бугарија, денеска се случи страшна семејна трагедија во која животите ги загубија три лица.
Според информациите на бугарските медиуми, 25-годишен маж ги убил својата мајка (47), сестра (13) и тетка (73), а потоа ја запалил семејната куќа за да ги прикрие трагите од злосторството.
Седумгодишниот брат на осомничениот успеал да избега и покрај тоа што бил ранет. Тој веднаш ја алармирал полицијата, која пристигнала на местото и го изгаснала пожарот. Во куќата биле пронајдени три јагленисани тела. Детето е пренесено во болница, каде му е укажана медицинска помош.
Насилството се случило околу четири часот изутрина, јавува порталот „Нова“. Полицијата кратко потоа го уапсила осомничениот, а Регионалното обвинителство во Бургас отвори истрага за случајот. Засега не е познат мотивот за злосторството.