Германската полиција го истражува случајот што се случи во понеделникот во Берлин. Едно лице под својот балкон нашло кафез за транспорт на мачки од кој слушнал плачење. Открил дека внатре има 21-месечно бебе. Работата да биде уште полоша, бебето во тој кафез било фрлено од третиот кат. Инцидентот се случил на Ортолфштрасе.
На местото на настанот пристигнале итните служби и пожарникарите, а бебето било пренесено во болница. Полицијата утврдила дека бебето било исфрлено од станот на третиот кат од висина од околу 11 метри. Во станот ја пронашле мајката на детето (41) и уште едно дете кое било предадено на социјалните служби, пренесува Билд.