Хорор во Берлин: Соседите поради врева повикале полиција, пронашле мртво дете (3)
Во Берлин во раните утрински часови се случило страшно злосторство.
42-годишна мајка наводно го убила своето тригодишно дете, поради што била уапсена.
Жителите на станбената зграда на Päwesiner Weg повикале полиција околу 03:50 часот поради звуците што доаѓале од станот на приземјето. По влегувањето во станот полицијата пронашла безживотно дете и 42-годишна мајка, пишува Феникс.
Сите обиди за реанимација биле неуспешни, а поради настанатата ситуација истражителите се сомневаат дека се работи за убиство.
Полицијата соопшти дека мајката е осомничена за смртта на детето, а повеќе информации треба да има по обдукцијата.