Хорнер: Верстапен не размислува да замине од Ред Бул

Директорот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека Макс Верстапен има намера да остане во австрискиот тим следната сезона, и покрај шпекулациите за евентуален трансфер на четирикратниот последователен шампион во Формула 1 во тимот на Мерцедес.

„Неговата намера е да остане и да вози за нас во 2026 година. Јасно е дека има интерес од другите тимови“, рече Хорнер на маргините на Големата награда на Велика Британија, која викендов се взи на патеката во Силверстон.

Дваесетиседумгодишниот Верстапен постојано одбива да зборува за иднината во Ред Бул, додека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, минатата недела посочи дека неговиот тим разговарал со холандскиот возач.

Договорот на Расел со Мерцедес истекува на крајот од сезоната, додека соработката на Верстапен со Ред Бул истекува во 2028 година.
По 11 трки оваа сезона, Верстапен е на третото место во генералниот пласман со 155 бодови, 61 помалку од водечкиот возач на Мекларен, Оскар Пјастри.