Холандија се затвора – ширењето на Омикрон е причината
Поради опасноста од сојот омикрон, од утре Холандија ги заострува мерките за заштита. Продавници, училиштата, баровите, рестораните и другите јавни места ќе бидат затворени најмалку до средината на јануари. Премиерот Марк Руте смета дека ограничувањата се неизбежни.
Новите мерки во Холандија, кои се најстрогите досега, се објавуваат по состанокот меѓу Владата и здравствените експерти.
Во земјата има полициски час за угостителските и културните места, односно по 17 часот.
„Холандија повторно се затвора. Ова е неизбежно поради петтиот бран што доаѓа со сојот омикрон“ – рече премиерот Руте.
Од почетокот на пандемијата има 2,9 милиони случаи на коронавирус, но и над 20.000 смртни случаи.