
По вчерашните натпревари, познати се две од осумте осминафинални двојки на Светското фудбалско првенство во Катар.
Во групата А, Холандија со 2-0 дојде до очекуваниот триумф над Катар и го завери местото во нокаут фазата, а таму се пласира и Сенегал кој со 2-1 беше подобар од Еквадор.
Англија со 3-0 беше убедлива против Велс, а од оваа група понатаму оди и селекцијата на САД која со погодок на Пулишиќ го совлада Иран со 1-0.
Напреварите од овие две групи ги формираа и првите осминафинални парови. Холандија ќе игра против САД, а Англија со Сенегал.
Денеска се играат уште четири средби, во конкуренцијата Д, Австралија и Данска играат директен дуел за осминафинале, додека Тунис игра против Франција.
Во конкуренцијата Ц, Полска и Аргентина играат дерби за осминафинале, Меси и другарите се втори со 3 бода, Левандовски и соиграчите имаат 4 бода на првото место.
Саудиска Арабија се среќава со Мексико и се надева на победа и пласман во нокаут рундата.