Холандија нѐ оценува: Македонија ќе мора да покаже политичка волја за справување со корупцијата и криминалот

Холандскиот владин кабинет до Парламентот во Хаг ја испрати владината оценка на извештајот на ЕК за Македонија во кој, меѓу другото, се нагласува:

Сепак, извештајот дава мрачна слика за случувањата во областите на кластерот Основи. Развојот на настаните во Судскиот совет, политичкото влијание врз назначувањата во судството и злоупотребата на скратените процедури за носење закони предизвикуваат голема загриженост. Владата ја споделува сериозната загриженост на Комисијата за измените на Кривичниот законик со нивните далекусежни последици за тековните случаи на корупција. Во блиска иднина, Македонија ќе мора да покаже политичка волја за справување со корупцијата на високо ниво и за борба против организираниот криминал.