Холандија го блокира влезот на Србија во ЕУ

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за подготвеноста на Белград за следната фаза од пристапниот процес.

Холандскиот министер за надворешни работи Каспар Велдкамп најави дека Холандија ќе го блокира патот на Србија кон членство во Европската унија, наведувајќи ја загриженоста за подготвеноста на Белград за следната фаза од пристапниот процес.

Ова го изјави Велдкамп за новинарите по денешните консултации со европските колеги во Брисел.

„Гледаме дека нема доволен напредок во областа на владеењето на правото во Србија“, рече Велдкамп во изјавата што ја објави NL Times. „Истовремено, гледаме недоволен напредок во односите меѓу Белград и Приштина. И Србија тука има јасна одговорност. Гледаме дека Србија се уште не ја усогласила доволно својата надворешна политика со надворешната политика на ЕУ“, изјави шефот на холандската дипломатија.

„Недоволен напредок“

Министрите за надворешни работи на земјите членки утре во Брисел ќе ги продолжат консултациите за напредокот на земјите кандидати на патот на интеграцијата во Европската унија. Велдкамп сака, како што им рече на новинарите, да ги убеди другите влади во Европа да заземат таков став за да не мора Холандија да биде сама. Сега навистина сакаме да извршиме притисок врз Србија“, изјави Велдкамп.

Тој додаде дека верува оти е важно ЕУ да придава значење на развојот на владеењето на правото со цел да се спречи „загрижувачкиот развој“ во Унгарија и дел од Словачка и да се зајакне, а не да се ослабне ЕУ.

Така што навистина очекуваме повеќе чекори од Србија во наредниот период, изјави Велдкамп.

Минатата недела се одржаа парламентарни дебати пред извештајот на Европската комисија за напредокот на земјите кандидати за членство во ЕУ, а многу холандски политичари изјавија дека се против отворање на следниот чекор во процесот на пристапување на Србија во овој момент.

Претставничката Кати Пири посочи дека процесот на пристапување во ЕУ мора да се заснова на постигнати резултати и дека владеењето на правото е важен дел од тоа, додавајќи дека Србија постигнала „недоволен“ напредок на овој план.