Хипкинс нов премиер на Нов Зеланд
Крис Хипкинс ќе ја замени Џасинда Ардерн на функцијата премиер на Нов Зеланд откако стана единствениот кандидат за раководството на Лабуристичката партија.
Пред да стане премиер, Крис Хипкинс беше министер за полиција, образование и јавни услуги на Нов Зеланд, пишува Данас.
Во шокантното соопштение на Ардерн во четвртокот, таа рече дека нема „доволно во резервоарот“ за да води.
Џасинда Ардерн ја објави својата оставка како премиер на 19 јануари.
Времето што Хипкинс ќе го помине како премиер е неизвесно бидејќи Нов Зеланд оди на избори во октомври годинава.