
Хипер: Русија е способна да биде агресор, па не не изненадуваат нејзините закани кон Грција
Не претставува никакво изненадување тоа што Русија се заканува и Европската комисија изразува целосна солидарност со Грција по упатените закани кон неа од страна на Москва, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
Не претставува никакво изненадување тоа што Русија се заканува и Европската комисија изразува целосна солидарност со Грција по упатените закани кон неа од страна на Москва, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
Изјавата на Хипер беше одговор на новинарско прашања за ставот на Еврокомисијата во врска со вчерашните обвинувања на руското Министерство за надворешни работи дека Грција презема „провокативен конфронтирачки курс“ против Русија и дека Москва ќе одговори со „отворено непријателски чекори“ кон Атина, поради нејзината одлука да соработува со Украина во изградбата на бродови.
Хипер додаде дека да ако прашате зошто Русија го прави ова и исто како да прашате насилник зошто малтретира некого.
– Видовме дека Русија е способна да биде агресор и затоа сме со Украина во сето тоа. Покрај тоа, видовме и провокативно однесување и закани од Русија па нашата безбедност, како што се повеќекратните хибридни закани по нашите земји членки. Затоа преземаме мерки за зајакнување на нашата одбрана и се ангажираме за поддршка на Украина, додаде Хипер.
Таа потврди и дека ЕК работи на подготовка на следниот пакет санкции кон Русија, потсетувајќи дека и на вчерашниот Совет за надворешни работи на ЕУ се разговараше за преземање мерки за поефикасно справување со т.н. руска флота во сенка, со цел да се намалат приходите на Москва со кои би ги финансирала ваквите активности.
– Се ангажираме за да ги намалиме сите приходи што ги има Русија до најмал степен до кој е тоа можно, додаде Хипер.