Химната пречка за новиот закон за средно образование
Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува пратениците од Демократската унија за интеграција (ДУИ) да го поддржат предлог-законот за средно образование за кој на комисиска расправа во Собранието искажаа забелешки во однос на интонирање на државната химна во училиштата и најавија амандмани на предлогот кој треба да премине во втора фаза од донесувањето.

Според Јаневска, „крајно неразумно е да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години“. Пред да замине на собраниска седница на која е на дневен ред овој предлог, министерката изјави дека жали што тоа се случува по долго очекување на овој и уште шест други закони од областа на образованието.
-И во овој момент ништо друго не се дискутира освен химната што не е предмет за дискусија. Па оттука, можам да речам дека е комплимент за Министерството што не е најдена друга мана, но сметам дека е крајно неразумно да се запре законот за средно образование кој не е менуван повеќе од 20 години, да не може да се имплементираат новините кои државава ги очекува минимум седум години, а очигледно и повеќе, поради една таква дискусија. Денес е Законот на дневен ред на собраниска седница. Се надевам дека пратениците на ДУИ ќе најдат сили да ја надминат политичката ситуација или за нив политичката некаква вредност која де факто и не е вредност и ќе соберат сили да го изгласаат законот после второто читање, се разбира, рече Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања на настан на кој беше најавен проектот проектот за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.
На почетокот и на крајот од учебната година, при завршувањето на средното образование, при одбележување на патронатот, како и при други прослави, треба да се интонира државната химна. Ова го предвидува новиот Закон за средно образование. ДУИ смета дека е тоа неприфатливо и децата ќе го отфрлат бидејќи химната не го одразува идентитетот на Албанците.