Кристофер Хил – амбасадорот на САД во соседна Србија изјави дека во животот мора да се прават избори и дека ова е таков момент, а за Србија има само еден пат, а тоа се Западот и ЕУ.
„За разлика од минатото, кога во Србија се мислеше дека постои трет пат, дека Србија не е ниту источна ниту западна, дека е некако посебна, дека оди по својот пат, сега повеќето Срби мислат дека постои правилен пат и погрешен пат и сакаат да го изберат вистинскиот пат. Србија мора да одлучи дали сака да има „самодоволна армија и да купува оружје од различни земји или да се вклучи во колективната одбрана“ – изјави Хил за „Политика“.
Тој рече дека Украина и Косово се „многу различни ситуации“ и повика да не се поврзува она што се случи на Косово во 1999 година со она што се случува во Украина денес.
Следуваше реакција од министерот за внатрешни работи на Србија, Александар Вулин кој му порача на Хил, дека „Србија ќе оди по својот пат.
„Србија е слободна и успешна земја и не треба да одлучува за ништо друго освен за себе. И ако критериумот за определување на Србија е кој не убиваше, а кој не, кој го призна т.н. Косово, а кој не, се плашам дека господинот Хил нема што да каже во своја одбрана. Не барајте сосила Србите да се определат, може да ве повреди нашиот избор“ – се вели во писмената изјава на Вулин.
Вулин додаде и дека „За лојалноста кон оние кои нѐ бомбардираа, Србија беше наградена со прогласување независност на таканареченото Косово, масовни екстрадиции во Хашкиот трибунал, намалување на надлежностите на Република Српска, шљачкашка приватизацијата, невработеност, беда и социјална неправда“.