Хилари Свонк ќе стане мајка на 48 години
Оскаровката Хилари Свонк е бремена иако има 48 години. Актерката ја сподели среќната вест за време на гостувањето во емисијата „Добро утро Америка“.
Таа откри дека со нејзиниот сопруг Филип Шнајдер ќе станат родители на близнаци и дека е во вториот триместар од бременоста.
„Ова е нешто што го посакував многу долго време и следната работа за мене е дека ќе станам мајка. Да, ќе станам мајка – само на едно, туку на две дечиња. Не ми се верува. Убаво е да се зборува за ова и да имам можност да споделам“ – рече Свонк.