Хилари Клинтон е позитивна на коронавирус

Хилари Клинтон (74) – поранешната прва дама на САД и претседателски кандидат на избори објави дека е позитивна на коронавирусот.

„Се тестирав и сум позитивна на Ковид. Имам благи симптоми на настинка и се чувствувам добро. Поблагодарна сум од кога било за вакцините што штитат од сериозниот тек на болеста“ – напиша Клинтон на Твитер.

Таа апелираше до граѓаните на САД да земат засилена доза, доколку тоа се уште не го направиле.