Хидросистемот „Ѓавато“ не работи, оштетениот цевководот ги поплавува нивите

Водата наместо во езерото, се излевала врз нивите по должината на цевководот што го снабдува Дојранско Езеро.

Хидросистемот „Ѓавато“, кое го рехабилитира Дојранското Езеро, повторно не работи. Пумпите застанаа само три дена, министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот од ЗНАМ Миле Цеков, најавија успешен проект.

Информацијата дека пумпите се повторно стопирани ја потврдија и вработени од хидросистемот „Ѓавато“, кои информираа дека таквата постапка била резултат на реакциите од земјоделци во регионот, кои се пожалиле дека водата од цевководот им ги поплавила нивите.

Водата наместо во езерото, се излевала врз нивите по должината на цевководот што го снабдува Дојранско Езеро.

„Тоа е резултат на фактот дека цевководот е оштетен и на него има многу диви приклучоци. Сето тоа го има констатирано и Државниот инспекторат за животна средина, кој низ годините подготви и записници дека има и диви приклучоци од страна на земјоделци, кои можат да претставуваат сериозна закана за нормално функционирање на системот“, информираат, вработени во хидросистемот.