Хигиеничарка во бугарскиот Конзулат во Битола интервјуирала кандидати за бугарско државјанство

Хигиеничарка во Конзулатот на Бугарија во Битола вршела интервјуа со кандидати за добивање бугарско државјанство.

Ова го изјави пратеникот од бугарската партија Преродба – Ангел Георгиев.

Како што пренесуваат денеска медиумите во Бугарија, на оваа негова забелешка и пратеничко прашање, вицепремиерката и шефица на дипломатијата Марија Габриел потврдила дека имало системски пропусти во бугарскиот конзулат во Битола, и дека хигиеничарката веќе нема пристап до архивата и до конзулската служба.

Според Марија Габриел, од увидот направен во конзулатот, не биле утрдени директни докази дека хигиеничарката ги интервјуирала кандидатите за бугарско државјанство, но потврди дека имало „застрашувачки прекршувања“ кои се недозволиви во дипломатските служби.

Георгиев тврди дека хигиеничарката Весна Котевска, вработена во бугарскиот конзулат, вршела интервјуа со кандидати и како резултат на тоа имало многу одбивања.