Херцог: Израел треба да ги нормализира односите со арапските соседи

Претседателот на Израел, Исак Херцог, денеска изјави дека Израел треба да „поттикне нормализација на односите со арапскиот свет по неодамнешните воени успеси“.

Претседателот на Израел, Исак Херцог, денеска изјави дека Израел треба да „поттикне нормализација на односите со арапскиот свет по неодамнешните воени успеси“.

Како што рече на церемонијата за доделување дипломи на Колеџот за национална безбедност, Израел треба да ја почне нормализацијата на односите со соседните арапски земји по војната во Газа, пренесе „Тајмс оф Израел“.

– Ова е нашиот „Ден потоа“ и ние мора да зборуваме за ова и да работиме на тоа. Целосна победа ќе дојде само кога државата ќе знае како да го претвори својот воен триумф во политички потег, изјави Херцог.

Според него, би било сериозна стратешка грешка доколку Израел се откаже од можностите што се појавуваат.