Херојот Јован кој спаси 21 лице од пожарот во „Пулс“ раскажа што се случувало кобната вечер
Јован Костадинов, 19-годишен млад човек од Виница, стана национален херој откако пожртвувано и несебично го ризикуваше својот живот и успеа да спаси 21 лице од пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во своето сведоштво, Костадинов објаснува како успеал да извлече луѓе од запалената дискотека.
Иако првично се обидел да влезе преку главниот влез, неуспеал бидејќи тој бил заглавен од толпа луѓе кои се обидувале да излезат, па заедно со други присутни ја скршиле вратата и започнале да спасуваат.
Тие што беа најтешко повредени и изгорени, врескале, а многумина биле онесвестени.
Костадинов вели дека во моментите на спасување, просторот бил исполнет со густ чад, а тој бил потресен од гледката на повредените и настраданите. Почувствувал и вртоглавица и гадење, но не се откажал и успеал да излезе на свеж воздух и да се опорави.
Во болницата, тој бил третирани заедно со уште двајца свесни луѓе кои биле на кислородна поддршка и заедно биле пренесени на понатамошна медицинска помош.
View this post on Instagram