
Хелмут Марко: Ред Бул е прероден, тимскиот дух се врати
Во Формула 1 тимот Ред Бул се врати оптимизмот за висок пласман, откако Макс Верстапен победи во Монца.
Во Формула 1 тимот Ред Бул се врати оптимизмот за висок пласман, откако Макс Верстапен победи во Монца.
Советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, зборуваше за тоа како тимот се променил од доаѓањето на новиот шеф на тимот, Лоран Мекиес, и ја оцени победата на Макс Верстапен на Големата награда на Италија.
– Подготовката за викендот е различна. Лоран е брилијантен инженер, па сè се сведува на земање на податоците од симулаторот и нивно адаптирање со искуството на возач како Макс, или искуството на инженерите. И на овој начин го прави автомобилот попредвидлив и подобар за возење. Севкупно, тоа е истиот болид. Донесовме некои ажурирања и тие функционираа – но 20 секунди предност пред Мекларен… не можев да го предвидам тоа. Се чувствувам како да сме преродени – сите сме многу среќни. Атмосферата беше неверојатна, духот на Ред Бул се врати, изјави Марко.
Верстапен кој е четирикратен светски шампион се наоѓа на третото место во поредокот со 230 бода, зад тандемот на Мекларен, Оскар Пјастри со 324 и Ландо Норис со 293 бода.