Туристички хеликоптер се урнал на автопат во американската сојузна држава Западна Вирџинија, при што загинаа шест лица, јавува „Ројтерс“, повикувајќи се на локални медиуми.
Хеликоптерот, кој полетал од аеродромот во округот Логан, се урнал на Државниот пат 17 и бил во пламен кога спасувачките екипи пристигнале на местото на настанот, јави „WSAZ-TV“ цитирајќи ја окружната агенција за вонредни состојби.
Државниот пат 17 се очекува да остане затворен во следните 24 часа поради истрагата спроведена на местото на несреќата од страна на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот и Федералната управа за авијација, изјави претставник на округот.
Најверојато се работи за хеликоптер „BellUH-1B“, но засега не е познато поради која причина дошло до падот.