Едно лице загина, а две други се повредени во хеликоптерска несреќа во рускиот регион Магадан на Далечниот Исток, соопшти Руската агенција за воздушен транспорт.
„Според прелиминарните податоци, во хеликоптерот, кој беше на пат од рудникот за злато Кварцеви кон Омсукчан, имало 20 лица. За жал, едно лице загинало, а две се во тешка состојба“, пишува тој на својот канал Телеграм.
Според агенцијата, спасувачите се на пат кон местото на несреќата со помош на теренски возила. Не може да се користат хеликоптери за евакуација на луѓето поради лошите временски услови.
Претходно, портпаролот на локалната служба за вонредни ситуации изјави за ТАСС дека хеликоптерот Ми-8 со ротационите работници извршил итно слетување, најверојатно поради дефект на моторот.