Хеликоптерска несреќа во Италија – петмина загинати и двајца исчезнати

Петмина загинати и двајца исчезнати е епилогот на хеликоптерската несреќа во Италија откако леталото исчезнало од радарските екрани.

Гувернерот на Тоскана, Еугенио Џани, изјавил дека хеликоптерот се урнал во планинска област на границата меѓу Тоскана и регионот Емилија Ромања. Денеска се пронајдени телата на пет лица.

Хеликоптерот полетал од пристаништето Тоскана во четвртокот и се движел кон северниот град Тревизо, кога исчезнал од екраните на радарот откако паднал во лоши временски услови над ридско, шумско подрачје.

Во хеликоптерот имало седум лица, меѓу кои и четворица турски бизнисмени од компанијата „Екаџибаши“ кои присуствувале на саемот за технологија за хартија во Италија.

Според либанските медиуми, другите двајца патници биле Либанци.