
Хезболах најави поддршка за Иран
Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и стои зад Иран во неговиот конфликт со Израел, објави Анадолија.
Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, изјави дека групата со седиште во Либан не е неутрална и стои зад Иран во неговиот конфликт со Израел, објави Анадолија.
-Хезболах и Исламскиот отпор не се неутрални кон легитимните права и независност на Иран и лагите на Америка, нејзината агресија, заедно со канцерогениот тумор на Израел и арогантните сили“, рече Касем во изјава на Телеграм.
„Ние стоиме зад Иран во лицето на оваа глобална неправда затоа што се залагаме за нашата независност, ослободувањето на нашата земја и слободата на нашите одлуки и избори“, додаде тој.
Лидерот на Хезболах додаде дека групата не е неутрална и затоа го изразува својот став кон Иран, неговото раководство и неговиот народ.
„И ние ќе дејствуваме како што сметаме дека е соодветно во лицето на оваа брутална израелско-американска агресија“, рече тој.
Претходно, амбасадорот на САД во Турција и специјален пратеник на Белата куќа за Сирија, Томас Барак, го предупреди Хезболах да не се меша во ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран. Зборувајќи за време на посетата на Бејрут, Барак рече дека секоја интервенција од страна на групата поддржана од Ирак „би била навистина лоша одлука“.
Конфликтот започна во петокот кога Израел почна воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, поттикнувајќи го Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека од тогаш, најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади.
Во Иран, според извештаите на иранските медиуми, 585 лица се убиени, а повеќе од 1.300 се ранети во израелските напади.